Help on the Route-Неделен извештај за 02-08 октомври 2017

                               

Неделен извештај за 02-08 октомври 2017

Мониторинг на пристап до човекови права и заштита на бегаци и мигранти во пограничните транзитни центри Табановце и Гевгелија

Легис е партнер организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и Фондацијата ,,Ана и Владе Дивацˮ од Србија, Новосадски хуманитарен центар од Србија (NSHC Srbija) и Арбајтер Самаритер Бунд од Германија (Arbeiter-Samariter-Bund Deutschland) во проектот ,,Помош на рутата – Заштита на човекови права на бегалци и мигранти кои поминуваат низ Македонија и Србијаˮ. За таа цел, Легис располага со 6 теренски работници и 2 координатори кои дневно собираат информации и податоци за пристапот до човекови права и заштита на бегалци/мигранти во пограничните транзитни центри Табановце и Винојуг, Гевгелија. 

Овој неделен извештај претставува преглед на 12 дневни извештаи т.е. прашалници изготвени во текот на овој период:

- Број на извештаи: 12 дневни извештаи т.е. прашалници.

Вкупен број на бегалци/мигранти на коишто им е дадена помош: околу 16 бегалци/мигранти бидејќи бројот на новопристигнати лица се менува секој ден и нашите теренски работници успеаа да воспостават комуникација со речиси сите од нив во Табановце, додека бројот во Винојуг, Гевгелија е помал, со 5 бегалци/мигранти. Во овој период на известување, околу 23 лица престојуваат во Табановце, од кои 7 се регистрирани како новопристигнати лица: 6 лица т.е. две семејства од Авганистан со по едно дете, и едно лице од Сирија.

Табановце, северна граница

Објекти и услови во кампот:

Транзитниот центар Табановце има објекти за привремен престој (контејнери или кабини) со задоволителни услови за греење и ладење. Сите жители на кампот имаат пристап до санитарни објекти, кујна, простори за рекреација за деца и сл. Тие добиваат по три оброка на ден. Санитарните објекти се чистат секој ден. Како што беше објаснето во кварталниот извештај, слободата на движење на жителие на транзитниот центар е сѐ уште органичена што значи дека истите можат да излегуваат но само доколку се придружени од вработените.

Однос на институциите кон бегалците/мигрантите:

Пристап до право на азил/привремена заштита:

Сите жители т.е. бегалци/мигранти имаат пристап до правото на барање азил/привремена заштита преку Одделот за азил при Министерство за внатрешни работи и локалната невладина организација Македонско здружение на млади правници. Сепак, не се регистрирани барања за азил/привремена заштита во овој период на известување.

Пристап до услуги: здравствена нега, здравствени потреби, храна, лекови, облека итн:

Сите жители на кампот имаат пристап до основна здравствена нега, храна, лекови, облека итн. Не се пријавени никакви посебни потреби за здравствена нега. На терен секогаш е присутен медицински персонал.

Слобода на движење:

- Жителите на транзитниот центар можат да излезат само доколку се придружувани од вработените.

Гевгелија, јужна граница:

Објекти и услови во кампот:

Како во Табановце, така и во транзитниот центар во Гевгелија постојат објекти за привремен престој (контејнери или кабини) со задоволителни услови за греење и ладење. Сите жители на кампот имаат пристап до санитарни објекти, кујна, простори за рекреација за деца и сл. Тие добиваат по три оброка на ден. Санитарните објекти се чистат редовно. Она што беше пријавено е недостаток на огледала во санитарните објекти.

Однос на институциите кон бегалците/мигрантите:

Право до пристап на :

Сите жители т.е. бегалци/мигранти имаат пристап до правото на барање азил/привремена заштита преку Одделот за азил при Министерство за внатрешни работи и локалната невладина организација Македонско здружение на млади правници. Сепак, не се регистрирани барања за азил/привремена заштита во овој период на известување.

Пристап до услуги: здравствена нега, здравствени потреби, храна, лекови, облека итн:

Сите жители на кампот имаат пристап до основна здравствена нега, храна, лекови, облека итн. Не се пријавени никакви посебни потреби за здравствена нега. На терен секогаш е присутен медицински персонал.

Слобода на движење:

- Жителите можат да излегуваат од транзитниот центар само во придружба на вработени од Црвен крст или Ла страда.

- Број на случаи проследени до Канцеларијата на Народниот правобранител на Р.М.: