Legis continues with video story-sharing for awareness-raising

Legis has recently started an awareness-raising campaign with focus on sharing of personal stories of people with migrant/refugee experience, in cooperation with Stella. The campaign draws a parallel between refugees that have transited or are currently in Macedonia on the one hand and local people from Macedonia with migrant experience, that is, Macedonians who have left their country temporarily or permanently in an attempt to highlight the similar challenges and benefits both of these groups have experienced in their migrant/refugee experience.  The stories have thus far been shared in written form and a video-campaign has been recently published (see below).

The video features 4 young people from different countries who explain the factors that uprooted them from their homes. This includes: Kubra, a famous and courageous Afghan performance artist who sought refuge in France after being threatened in Afghanistan due to her performance decrying harsh patriarchal norms in her home country and limitations on women; Eyad and Khaled, two young Syrian refugees currently living in Germany who had to flee their country due to the Syrian war and Erlin, a young Macedonian woman currently staying in Lebanon and helping refugees, who left Macedonia in search of a more fulfilling future. While the reasons behind these people’s migration vary, they also share similarities as newcomers in a completely new society and as people who are searching a safe and fulfilling life. The story-sharing campaign attempts to maintain gender balance and highlight the strength and resilience of female refugees/migrants, which is often neglected in mainstream media representation.

The story-telling campaign is in fact part of a bigger project: Building Bridges - Intersection of local, migrant and refugee perspectives. Within the framework of this project, LEGIS will aim to 1) improve access of asylum seekers and people in irregular migration to information on the risks of human trafficking in irregular migration, as well as information about safe migration options; 2) raise the awareness among local population about xenophobia, prejudice, discrimination, gender-based and ethnic violence with regards to migratory movements 3) strengthen  the capacity of actors working on the refugee/migration response through trainings on Human Trafficking Prevention.

English Version

Македонска верзија

Verizon Shqip

This project was implemented by Legis with the support of the Capacity development for Selected actors working with asylum seekers in Serbia and Macedonia. The Capacity development for Selected actors working with asylum seekers in Serbia and Macedonia was established by the German Federal Ministry for Economic Cooperation and Development (BMZ) and is managed by the Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH.

The content of this publication does not necessarily reflect the views of the Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammmenarbeit (GIZ) GMBH.

.

Легис продолжува со споделување на приказни преку видеа за подигнување на свеста

Легис неодамна започна кампања за подигнување на свеста со фокус на споделување лични приказни од луѓе со мигрантско/бегалско искуство, во соработка со Стела. Кампањата повлекува паралела од една страна помеѓу бегалците кои транзитирале низ Македонија или кои во момоентот се наоѓаат во Македонија и локалци од Македонија со мигрантско искуство, од друга страна, односно Македонци кои привремено ја напуштиле својата земја или се отселиле, во обид да се истакнат сличните предизвици и позитивни работи со кои овие две групи се соочиле при нивното мигрантско/бегалско искуство.

Приказните досега се споделувани во пишана форма, а неодамна е објавена и видео-кампања. Видеото вклучува 4 млади лица од разни земји кои ги објаснуваат причините поради кои ги напуштиле своите земји. Ова ги вклучува: Кубра, позната и храбра перформативна артистка од Авганистан која побарала прибежиште во Франција откако била изложена на закани во Авганистан поради нејзиниот перформанс кој е критика на строгите патријархални норми во нејзината земја и органичувањата врз жените; Ијад и Калед, двајца млади Сиријци кои морале да побегнат од Сирија поради војната и кои во моментот живеат во Германија; и Ерлин, млада жена од Македонија која сега престојува во Либан и им помага на бегалците, а ја напуштила својата земја во потрага по иднина која ќе ја исполнува. Иако причините поради кои овие луѓе мигрирале се различни, тие исто така споделуваат и сличности како новодојденци во потполно ново општество и како луѓе кои бараат побезбеден живот и живот кој ќе ги исполнува. Кампањата со споделување приказни се обидува да одржи родов баланс и да ја истакне силата и издржливоста на жените бегалки/мигрантки, што е често изоставено во мејстрим медиумите.

Кампањата е всушност дел од поголем проект: “Градење мостови – пресек на локални, мигрантски и бегалски перспективи”. Во рамките на проектот, Легис цели: 1) да го подобри пристапот на барателите на азил и луѓето во нерегуларен транзит кон информации за ризиците од трговија со луѓе во нерегуларна миграција, како и пристапот кон информации за опции за безбедна миграција; 2) да ја подигне свеста помеѓу локалното население за ксенофобија, предрасуди, дискриминација, родово-базирано насилство и етничко насилство во однос на миграциските движења; 3)  да ги зајакне капацитетите на чинителите кои работат во полето на бегалскиот/миграцискиот одговор преку обуки за превенција од трговија со луѓе.

Проектот е имплементиран од НВО ЛЕГИС со поддршка на проектот „Развој на капацитети на одбрани чинители кои работат со баратели на азил во Србија и Македонија”. Проектот „Развој на капацитети на одбрани чинители кои работат со баратели на азил во Србија и Македонија “ е воспоставен од German Federal Ministry for Economic Cooperation and Development (BMZ), а управуван од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH.

Ставовите изразени во оваа статија  не нужно се совпаѓаат со ставовите на Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammmenarbeit (GIZ) GMBH.