Младите знаат, младите можат

📯 3, 2, 1 ... стартуваме 🙂 🎈 Добредојдовте на инстаграм/facebook страницата преку која ќе биде спроведена кампањата за подигнување на јавната свест организирана во рамки на проектот „Младите знаат, младите можат“. Во периодот јануари - февруари 2020 година се одржаа три обуки со лаборатории за идеи - по една во Скопје, Тетово и во Струга. Повеќе од 6️⃣0️⃣ млади луѓе земаа активно учество на овие настани. Потпомогнати од тим на обучувачи младите луѓе ги анализираа вредностите и придобивките на Охридскиот рамковен договор како успешен пример за мирно решавање на спорови, преку активности на критичко размислување деконструираа екстремни наративи, споделуваа искуства и мислења и заеднички развија идеи за кампања за промовирање на еднаквост, солидарност, меѓусебно разбирање и соработка која ќе се реализира преку социјалните медиуми.
Денес Ви ја претставуваме првата идеја, која има за цел да ја зголеми свеста за потребата од активно учество и еднаков третман на жените и мажите во наследување на имот од нивните родители.
Се надеваме дека Ви се допадна оваа идеја развиена од група млади учесници на една од лабораториите за идеи. Следете не, следуваат уште идеи и пораки од учесниците во проектот 😀