Легис објавува оглас за ангажирање на лица

За потребите на проектот Active and Safe - humanitarian emergency response for the most vulnerable, Легис објавува оглас за ангажирање на лица  кои ќе спроведат активности на едукација  на барателите на азил, бегалците и мигрантите кои се сместени во прифатно-транзитните центри во Република Северна Македонија околу заштита и спречување на ширење на КОВИД-19 вирусот, зајакнување на имунитетот, активности од областа на физичката култура, како и психолошка поддршка. Активностите во центрите ќе бидат спроведени со асистенција од преведувач, преку двочасовни активности, еднаш неделно во перидот 15.07.2020 година.

Сите активности ќе бидат спроведени со одржување на физичка дистанца и почитување на мерките за заштита од КОВИД-19.

Доколку поседувате соодветно образование и искуство од оваа област, аплицирајте со испраќање на Ваше  CV на е-маил адреса ngolegis@gmail.com не подоцна од 15.07.2020 година.