Јавен повик за избор на надворешен консултант за институционално и организациско јакнење на Легис- Скопје

Јавен повик за избор на надворешен консултант за институционално и организациско јакнење на Легис- Скопје

 

Легис–Скопје како граѓанска хуманитарна организација во рамките на проектот за „Институционална поддршка“ доделен од страна на Цивика Мобилитас програмата, објавува Јавен повик за избор на надворешен консулстант за унапредување на институционалното и организациско работење на организацијата.  За потребите на активностите предвидени во областа: Овозможувачко опкружување (околина) за граѓанско општество проектот за 2020 г., консултантот/ката треба да ги:

 

  1. Ревидира постоечките интерни и, доколку има потреба, изработи нови акти и правилници
  2. Стручна и менторска поддршка во подобрување на учеството на организацијата и партнерски здруженија во дијалогот со Владата за унапредување на соработката со граѓанскиот сектор

 

Сите заинтересирани кандидати/ки од Републлика Северна Македонија кои ги исполнуваат условите на повикот треба да достават:

 

  1. Кратка биографија
  2. Кратко резиме од претходни соработки со граѓански организации за зајакнување на институционално и организациско работење

 

Работната позиција е со времетраење од 09 месеци во кои се очекува од консулстантот да ги ревидира/изработи актите за Легис-Скопје. 

 

Горенаведените документи доставете ги на: info@legis.mk најдоцна до 10-ти јули, 2020 година.