Јавен повик за избор и ангажирање на експерт за мониторинг и евалуација

Јавен повик за избор и ангажирање на експерт за мониторинг и евалуација

Легис–Скопје како граѓанска хуманитарна организација во рамките на проектот за „Институционална поддршка“ доделен од страна на Цивика Мобилитас програмата, објавува Јавен повик за избор на надворешен консулстант/ка за мониторинг и евалуација на имплементацијата на активности кои ги спроведува Легис во рамките на „Институционалната поддршка“ како грант од програмата Цивика Мобилитас во областа: Овозможувачко опкружување (околина) за граѓанско општество.

Од надворешниот консултант/ка се очекува да:

Изготви на план за спроведување на мониторинг и евалуација од страна на ангажираниот експерт

Спроведе на мониторинг и евалуација на проектните активности кои се имплементирани во периодот јули-декември 2020 година

Спроведе на мониторинг и евалуација на активностите реализирани во првата година (јули 2020 – јуни 2021 година)

Спроведување на финална евалуација на проектот и изготвување на финален извештај за спроведената евалуација

Крајната цел во оваа област е организацијата да добие изработен е механизам за мониторинг и евалуација (М&E) со кој се добиваат објективни информации за мерката во која интервенцијата ги постигнала специфичните цели и очекуваните резултати во рамки на Институционалниот грант на Цивика мобилитас, со што ќе се  придонесе кон подобрена имплементација на проектните активности и ќе се овозможи организацијата да идентификува можности за подобрено планирање и имплементација на идни интервенции.

Сите заинтересирани кандидати/ки од Републлика Северна Македонија кои ги исполнуваат условите на повикот треба да достават:

Кратка биографија

Кратко резиме од претходни соработки со граѓански организации за евалуација и мониторинг на проектно работење

Соработката со избраниот консултант/ка ќе започне од октомври, 2020 г. со повремени активности, во наредните 2 години.

Горенаведените документи доставете ги на:  nvolegis@gmail.com најдоцна до 25-ти септември, 2020 година.

.