Следење на пристапот до човековите права на бегалците и мигрантите во Република Северна Македонија

 

" Следење на пристапот до човековите права на бегалците и мигрантите во Република Северна Македонија”

За проектот:

Здружение на граѓани Легис во рамките на проектот " Следење на пристапот до човековите права на бегалците и мигрантите во Република Северна Македонија”, поддржан од програмата за мали грантови на Цивика мобилитас, ја продолжува својата хуманитарна и правна улога во заштитата, промоцијата и, видливоста на ранливите групи во државата. Легис во рамките на овој 6 месечен проект обезбедува хуманитарна помош и набљудување на пристап до човекови права во погранични транзитни центри на северната граница во Табановце и, Гевгелија на јужната граница. Воедно, известува јавноста за состојбите со човековите права и условите во кои се постојано и/или привремено згрижени лица затекнати на територијата на Република Северна Македонија а се обратиле за помош во пограничните центри за хуманитарна, медицинска, правна и/или друг вид на заштита. 

 

Активности:

За проектните и потребите на Легис во собирање статистички податоци од терен, организацијата располага со 2 теренски работници и 1 координатор кои дневно собираат информации и податоци во форма на прашалници преку кои освен родова, национална, етничка, религиозна и/или друга припадност, го следат и пристапот до човекови права на бегалци и мигранти во пограничните транзитни центри Табановце-Куманово и Винојуг-Гевгелија. Дневните информации се анализираат на неделно ниво од страна на надворешен консултант за миграции и хуманитарно право по што се објавуваат наративни и статистички неделни извештаи на македонски и англиски јазик, достапни за превземање од веб-страницата на организацијата. 

Неделни извештаи – ТУКА.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(EN)

Monitoring access to human rights for refugees and migrants in North Macedonia

About the project:

The association of citizens Legis continues its humanitarian and legal mission in promotion, protection and visibility of vulnerable groups in Republic of North Macedonia, supported by Civica Mobilitas small grant program to “Monitoring access to human rights for refugees and migrants in North Macedonia”. 

Within the framework of this 6 month project, Legis will provide humanitarian aid and monitoring the access and violation of human rights in two transit-border centers for reception of people perceived as migrants and/or refugees in the transit centers Tabanovce -Kumanovo on the Northern and, Vinojug-Gevgelija on the Southern border of the country. Also, regular public reports will be available on the conditions and access to rights for people in transit and/or who seek medical, legal, humanitarian or other assistance in the above mentioned transit-border centers.

Activities:

For the purposes of the statistical and project data gathering, Legis has 2 field staff, deployed in each of the transit-border centers in Gevgelija and Kumanovo and 1 migration and asylum seekers coordinator. Their daily tasks include: information gathering based on tailored made questionnaires to residents and/or people in transit providing data on: gender, nationality, ethnic, religious and/or other identity and, follow the access to human rights for refugees and migrants in transit-border centers Tabanovce-Kumanovo and, Vinojug-Gevgelija. The daily information are analyzed by external consultant on migration and humanitarian law and published weekly in Macedonian and English language on Legis official web-page. 

Weekly reports – HERE