Институционална поддршка“ за Легис преку Цивика Мобилитас програма за 2020 година

 

 

 

 

 

 

„Институционална поддршка“ за Легис преку Цивика Мобилитас програма за 2020 година

 

За проектот:

Здружение на граѓани Легис во рамките на финансиската поддршка од Цивика Мобилитас во наредните 2 години ќе работи на „Институционално јакнење и унапредување на работата на организацијата“ во обезбедување хуманитарна, правна и друг вид на поддршка за социјално ранливи групи во Република Северна Македонија.

 

Како прва локална организација која се вклучи во одговорот на хуманитарната и бегалска криза во 2014/15 г. Легис продолжува да оддржува постојано присуство со тим кој неуморно работи во две погранични зони каде што се сместени кампови за прифат на бегалци и мигранти, обезбедува хуманитарна, правна и социо-психолошка поддршка а, согласно потребите соработува со организации за медицинска поддршка и индивидуални стручни медицински лица, како поддржувачи на организацијата. Покрај хуманитарната помош во форма на храна и облека за лица препознаени како бегалци и/или мигранти, Легис обезбедува храна и облека за повеќе социјално загрозени индивидуи и семејства на дневна основа во соработка со локални компании кои донираат основни продукти и, дневна дистрибуција на леб за граѓани во социјален ризик во канцеларијата во Скопје.

 

Институционалната поддршка за јакнење на капацитетите на локални организации како што е Легис е од особена важност, имајќи ја предвид социјалната и економска криза која како резултат на пандемијата на вирусот Ковид-19 најповеќе ги погоди ранливите групи  со кои здружението е во секојдневен контакт. Со поддршката, здружението ќе може да подобри и развие нови програми  за промоција на граѓански вредности како што е волонтирањето, развие инклузивен процес на соработка со сродни локални организации за застапување на ранливи категории, подобри внатрешни административни и други практики итн.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Истовремено, институционалната поддршка ќе овозможи Легис да се фокусира на континуиран придонес кон набљудување на пристапот до човекови права и заштита на ранливите категории, хуманитарна и друг вид на помош како дел од тековните активности на здружението. Активностите се во насока на зголемен придонес кон изградбата на овозможувачко опкружување (околина) за граѓанското општество за да може активно да учествува во процесите на носење јавни одлуки, закони и други акти со кои се обезбедува и полесен пристап до човекови права и заштита на ранливите групи.

 

Освен тековните активности предвидено е здружението да добие менторска професионална поддршка и пристап до експерти со кои ќе ги анализира, подобрува и унапредува услугите и практиките на тимот во и вон теренските активности.

 

За повеќе информации за институционалната поддршка и/или активностите на Легис, следете не редовно на социјалните мрежи и/или нашата веб-страница.