Legis.mk https://legis.mk/mk/ Open Your Heart To Those In Need. Tue, 19 Nov 2024 19:25:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.7 https://legis.mk/wp-content/uploads/2022/01/cropped-favicon-32x32.png Legis.mk https://legis.mk/mk/ 32 32 Легис ги исполнува своите аманети https://legis.mk/mk/legis-always-fulfils-its-bequests/ Tue, 19 Nov 2024 19:21:39 +0000 https://legis.mk/legis-always-fulfils-its-bequests/ Легис ги исполнува своите аманети.
Вашите Курбани се дистрибуираат низ Газа!

Вашите курбани се наш аманет кој го исполнивме до крај. Низ целосно документиран и транспарентен процес: од процесот на жртвување за Курбан Бајрам, низ процесите на подготовка на месото, преку долго чекање, конечно камионите со курбанско месо стигнаа во деловите на Газа каде што може да се изврши дистрибуцијата.

Аллах нека ни го укабули ова заедничко добро дело 🤲 а на нив нека им подари мир и слобода што побрзо!
Следниот Бајрам, иншаАллах, во мир да дистрибуираме!

Доколку сте задоволни од исполнувањето на нашите тешки, но вредни хуманитарни проекти, кои веќе 15 години ги спроведуваме низ Македонија и низ светот, придружете ни се со вашите донации.
Програмите за помош во Газа се:
Храна, 5 евра од оброк.
Хигиена, 40 евра од пакет.
Вода, 290 евра од цистерна.

270-0650443401-60
Халк Банка

]]>
Проект Курбани за Газа, 2024 година https://legis.mk/mk/qurbani-for-gaza-project-2024-4/ Mon, 18 Nov 2024 22:05:37 +0000 https://legis.mk/qurbani-for-gaza-project-2024-4/

Фаза на примање и мелење на месото курбан.

]]>
Проект Курбани за Газа, 2024 година https://legis.mk/mk/qurbani-for-gaza-project-2024-3/ Mon, 18 Nov 2024 21:58:22 +0000 https://legis.mk/qurbani-for-gaza-project-2024-3/

Фаза на готвење и маринирање на месо од курбани.

]]>
Проект Курбани за Газа, 2024 година https://legis.mk/mk/qurbani-for-gaza-project-2024-2/ Mon, 18 Nov 2024 21:50:30 +0000 https://legis.mk/qurbani-for-gaza-project-2024-2/

Фаза на конзервирање на месото курбан.

]]>
Проект Курбани за Газа, 2024 година https://legis.mk/mk/qurbani-for-gaza-project-2024/ Mon, 18 Nov 2024 21:37:47 +0000 https://legis.mk/qurbani-for-gaza-project-2024/ Фаза на стерилизација и пакување на месото курбан. ]]> Посета на нашата партнерска организација во Турција https://legis.mk/mk/visit-of-our-partner-organisation-in-turkiye/ Sun, 12 May 2024 22:16:44 +0000 https://legis.mk/visit-of-our-partner-organisation-in-turkiye/ Претседателот на Легис, Јасмин Реџепи, ја посети Меѓународната фондација за човекови права и слободи, ИХХ. Тој беше примен од генералниот секретар д-р Дурмуш Ајдин, членот на управниот одбор Осман Аталај и координаторот за Европа и Америка Мариглен Шехи.

На средбата, претседателот Јасмин Реџепи изрази благодарност до партнерите за спроведувањето на хуманитарната помош во Газа, во најтешките услови со кои ние како човештво се соочуваме досега. Воедно, тој им врачи Благодарница во име на Легис и сите наши донатори.

Д-р Ајдн се заблагодари за довербата, за досегашната успешна соработка и изрази благодарност до сите наши донатори.

ИХХ е наш долгогодишен партнер во сите меѓународни хуманитарни мисии. Со нивна помош и логистика на терен, донациите на нашите граѓани и донатори беа реализирани во Газа, во форма на топли оброци и ифтари за време на Рамазан.

За време на Рамазан, со донации на нашите граѓани беа поделени 19177 ифтари/топли оброци во Газа.

]]>
„Пристап до право на работа за баратели на азил и хуманитарна заштита и странци во РСМ“ https://legis.mk/mk/%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bf-%d0%b4%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%be-%d0%bd%d0%b0-%d1%80%d0%b0%d0%b1%d0%be%d1%82%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%b1%d0%b0%d1%80%d0%b0%d1%82%d0%b5/ Fri, 19 Apr 2024 10:47:15 +0000 https://legis.mk/?p=8730 Легис ја заврши реализацијата на проектот „Пристап до право на работа за баратели на азил и хуманитарна заштита и странци во РСМ“  во соработка со граѓанската организација Лесја Украинка, финансиски поддржан од страна на Институтот за европска политика од Скопје.

Согласно предвидените активности, изработивме Документ за јавна политика „Пристап до право на работа за баратели на азил и хуманитарна заштита и странци во РСМ“ кој е  доставен во двојазична печатена копија до сите 120 Пратеници во Собранието и, сега е достапен за јавноста на нашата веб страница.

Документ за јавна политикa

]]>
Работна посета на Тинеке Стрик (Европски парламент) и тимот на Легис https://legis.mk/mk/working-visit-of-mep-tineke-strik-and-the-legis-team/ Fri, 05 Apr 2024 22:46:52 +0000 https://legis.mk/?p=8636  

Во текот на вчерашниот ден (03.04.2024 г.) во канцеларијата на Легис во Скопје, нашиот тим
претставуван од страна на Мерсиха Смаиловиќ и Јасмина Голубовска оствари работна средба со
Европската Парламентарка Тинеке Стрик ( партија- Група на зелените/ Европска Слободна
Алијанса) и членовите на нејзинито тим Аријан Анабел Бовенберг и Рубен Робенсом.
Главна тема на работната посета беа миграции и хуманитарната бегалска криза на јужната и
северната граница на државата. Ја презентиравме работата на нашите тимови кои се работат на
терен во пограничните транзитни центри за прифат на бегалци во Винојуг- Гевгелија и Табановце-
Куманово, како и пристапот до човекови права и заштита на бегалци и луѓе во миграција.
Имајќи ја предвид работата на Тинеке Стрик во областа на миграции, разменивме информации и
идеи за подобрување на прифатот на луѓето во миграција и бегалци во пограничните центри и
разговаравме за проблеми во врска со повреди на човекови права и присилни враќања. Исто така
ја претставивме нашата работа и извештаи во врска со мониторирање и документирање на
миграциските текови од почетокот на кризата во 2015 г.

Дополнително, на средбата се фокусиравме и на присилните враќања во последните два месеци
на северната граница со Србија и враќањата на јужната граница со Грција и улогата на Фронтекс на
оваа граница.
Како организација која ги застапува правата на бегалците и луѓето во миграција, искрено ме
задоволни од посетата на европската парламетарка Стрик и продлабочување на соработката во
иднина.

]]>
По повод Рамазанските пости: Оброци за жителите на Газа донираа македонски хуманитарци https://legis.mk/mk/%d0%bf%d0%be-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%be%d0%b4-%d1%80%d0%b0%d0%bc%d0%b0%d0%b7%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%bf%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b8-%d0%be%d0%b1%d1%80%d0%be%d1%86%d0%b8-%d0%b7%d0%b0/ Thu, 04 Apr 2024 11:37:49 +0000 https://legis.mk/?p=8621
Храната во рефус доаѓа од Турција до Египет, а од таму со камиони во Рафах на југот на Газа. Потоа се готви во импровизирани кујни и се дистрибуира на засолнетите во училиштата на Обединетите нации.
]]>
Хрватската полиција преку тајна ВацАп група се координирала за мигрантите https://legis.mk/mk/%d1%85%d1%80%d0%b2%d0%b0%d1%82%d1%81%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%bb%d0%b8%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%ba%d1%83-%d1%82%d0%b0%d1%98%d0%bd%d0%b0-%d0%b2%d0%b0%d1%86%d0%b0/ Thu, 04 Apr 2024 11:05:09 +0000 https://legis.mk/?p=8615 „Хрватска отсекогаш негирала за насилни и нелегални операции на сопствената полиција со кои луѓето што бараат азил ги принудувала да ја напуштат“, истакнува Лајтхаус репортс.

Хрватската полиција и официјални лица преку ВацАп група споделува чувствителни информации за мигрантите што се обидуваат да влезат во земјата, објави независен медиум. Лајтхаус репортс (Lighthouse Reports) соопшти дека добиле 60 протечени скриншоти и успеале да идентификуваат 33 учесници во шифрирана чет група користена помеѓу август 2019 и февруари 2020 година.

„Хрватска отсекогаш негирала какви било сознанија за насилни и нелегални операции на сопствената полиција со кои луѓето што бараат азил ги принудувала да ја напуштат ЕУ. Сега можеме да откриеме дека високи хрватски функционери биле дел од тајната група на ВацАп (WhatsApp) каде што се споделувале и охрабрувале такви активности“, истакнува Лајтхаус репортс.

Оттаму објавија дека групата била користена за размена на информации за апсења во Западна Хрватска на над 1.300 лица, главно, од авганистанска, пакистанска и сириска националност.

Во веста се тврди дека ВацАп групата, под назив Коридор II-Запад, била користена од полицијата за лоцирање и фаќање нерегуларни мигранти. Често се споделувале фотографии од поединци со јасно видливи лица.

„Во одредени случаи споделувани се и вознемирувачки фотографии од поединци, а понекогаш и од луѓе принудени да легнат со лицето на земја или од лица што очигледно биле принудени да ги собујат чевлите додека вооружени хрватски полицајци стојат над нив“, се вели во веста.

Групата била искористена и за размена на информации за новинарите што ја посетувале пограничната област.

Хрватските официјални претставници ниту го потврдуваат, ниту го негираат постоењето на ВацАп групата.

„Не можеме да знаеме дали овие пораки се автентични. Коридор II-Запад не е тајна операција. Тоа е акција против шверцерите на мигранти, интензивно во изминатите пет години“, истакна министерот за внатрешни работи, Давор Божиновиќ.

Тој ги негира обвинувањата за малтретирање на мигрантите од страна на полицијата.

Министерството преку соопштение истакна дека групата формирана на ВацАп не претставува одредена нелегална ситуација.

Членката на ЕУ, Хрватска, се вклучи во безвизната Шенген-зона оваа година и постојано се соочува со обвинувања за потиснување на мигрантите на нејзините граници.

Извор: TRT Balkan

]]>