Детското игралиште во Т.Ц Винојуг се обнови од тимот на Легис

Детското игралиште е дел од детското катче во привремениот транзитен центар Винојуг во Гевгелија. Децата бегалци поминуваат голем дел од времето забавувајќи се и учејќи нови работи со нашите колешки кои се секојдневно со нив. Игралиштето има потреба да биде одржувано, па за таа цел тимот на Легис и волонтерката Габриела од Р. Чешка, со поддршка на нашите донатори од Global Fund for Children поминаа уште еден ден во префарбување и обнова, сè со цел на децата бегалци да им биде најубаво и безбедно. Тие имаат потреба од нашата грижа, а ние сме таму за нив!

 

Share

Signup for Alerts

Aliq is notm hendr erit a augue insu image pellen tes.