Психо-социјалната поддршка е составен дел од одговорот за итни случаи на ЛЕГИС. Таа им помага на поединците и семејствата да ги залечат психолошките рани и да ги обноват социјалните структури по итен случај или критичен настан. Таа може да помогне да се променат луѓето во активни преживеани наместо во пасивни жртви.

Нашата програма за психосоцијална поддршка се фокусира на:

  • Активности за ослободување од стрес (уметнички и креативни работилници, женско катче, итн.)
  • Рекреативни и спортски активности

Со оваа програма таргетираме мажи, жени и деца жители на ТЦ Табановце и ТЦ Винојуг, Гегелија, со заедничка цел да го минимизираме нивото на стрес, да го реактивираме и да го вратиме изгубениот интерес за животот.

  • Психолошко советување за баратели на азил
  • Психолошко советување на социјално-загрозена категорија од локалното население