Медицинска помош

Медицинска помош

Програмата за медицинска помош на ЛЕГИС е pro re nata. Обезбедувањето пристап и обезбедување медицински услуги за населението кое има потреба од кога започна вонредната ситуација во 2014 година и продолжи во 2015 година.

До јуни 2015 година, македонската легислатива не дозволуваше бегалците и мигрантите кои влегуваа во земјата да добијат правен статус, ставајќи ги во многу ранлива позиција да бидат нерегуларни, со што не можеа да користат ниту една од услугите (транспортни, медицински, засолниште, итн). Имаше ургентна потреба од обезбедување медицинска помош долж рутата. ЛЕГИС организираше мобилни тимови од медицински волонтери (лекари и медицински сестри) кои обезбедуваа медицинска помош од јужната граница со Грција до северната граница со Србија.

Помошта се состоеше од третирање на рани и повреди од одење или од насилни напади, помош на поединци со влошено здравје преку обезбедување пристап до лекови, обезбедување медицинска помош и лекови за несериозни воспалителни процеси, настинки и трески, организирани гинеколошки прегледи за жени во соработка со други невладини организации, вклучително и бремени жени, итн., како и упатување до јавните медицински установи за случаи кои имаат потреба од понатамошно лекување.

Во јуни 2015 година, на наша иницијатива, беше изменет Законот за азил и привремена заштита, а бегалците и мигрантите во транзит имаа можност да се пријават да добијат привремен статус на баратели на азил. По оваа промена, Црвениот крст го презеде обезбедувањето на медицинска помош со што ЛЕГИС ги повлече тимовите и се фокусираше на другите итни потреби на луѓето во транзит.

Медицинските тимови на ЛЕГИС се секогаш подготвени и во случај на потреба ќе бидат повторно активирани и подготвени да му помогнат на населението на кое му е потребна медицинска нега.

Share

Popular Posts
Social Share

Signup for Alerts

Aliq is notm hendr erit a augue insu image pellen tes.