Луѓето во движење, кои бегаат од војна, прогон и принуда, честопати се лишени од соодветен пристап до вода, санитарни и хигиенски објекти. Програмата LEGIS WASH се заснова на одговарање на потребите на населението во транзит и во прифатните и притворските установи.

Нашата програма WASH вклучува поставување и одржување на водоводни и санитарни јазли, дистрибуција на хигиенски средства како и активности за промоција на хигиената во Привремените (транзитни) центри за бегалци во Македонија, ТЦ Табановце и ТЦ Винојуг, Гевгелија.

Пристап до капацитетите за перење

Во втората половина на 2015 година, кога транзитот на бегалците во Македонија беше организиран на два транзитни центри, влез во Гевгелија и излез во Табановце, ЛЕГИС придонесуваше во инфраструктурата со цел да обезбеди привремен престој и достоинствен транзит на илјадници бегалци кои транзитираат секојдневно.

Во соработка со Solidarites International, ЛЕГИС постави санитарни јазли на влезот од транзитниот центар, каде што бегалците и мигрантите се редат и чекаат со часови да бидат примени и обработени. Поставувањето на 2 машки, 2 женски и 1 тоалет за лица со инвалидитет и буре вода за перење беше надополнето со редовна дистрибуција на гелови за дезинфекција за лична употреба, придонесе за зголемена заштита, достоинство и квалитет на живот на бегалците и мигрантите кои влегуваат во земјава.

Во 2016 година, во партнерство со Solidarites Internation, ЛЕГИС го заврши реновирањето на просториите на WASH во притворот за странци „Гази Баба“ во Скопје, обезбедувајќи соодветен, родово сензитивен пристап до водоводни и санитарни објекти за притворените бегалци и мигранти во Македонија.

Кампања за промоција на хигиена

Со цел да се подобри состојбата со хигиената во камповите и да се промовира и зајакне позитивното хигиенско однесување кај населението, а со тоа да се ублажат здравствените ризици и ризичното однесување, ЛЕГИС спроведе кампања за промоција на хигиената во Привремените транзитни центри во Македонија, ТЦ Табановце и ТЦ Винојуг, Гевгелија.

Различни активности и интервенции се дел од кампањата на HP, главно насочени кон децата кои живеат во кампот, но и возрасната популација. Едукативните активности и активностите за подигање на свеста се надополнуваат со подобрување на пристапот до објектите и висококвалитетните средства за хигиена. Вклучувањето на целната популација во планирањето, креирањето и спроведувањето на активностите и програмата е нашиот основен водечки принцип и наша предност за успешна кампања и позитивни резултати.