Значително намален бројот на имигранти кои илегално транзитираат низ земјава

Од Организацијата „Легис“ за зголемениот број откриени случаи на криумчарење имигранти, велат дека влијание имаат и се построгите мерки за гранична контрола што ги најавува ЕУ.
“Од една страна студот, а од друга страна најавените мерки од страна на ЕУ за контрола на границите и рутите на ирегуларна миграција, се причина за намалување на бројот на криумчарени мигранти.
Големиот број запленети автомобили, комбиња и камиони, стационирани во транзитниот центар Винојуг на границата со Грција, говори за големиот број неуспешни обиди за криумчарење, односно успешни полициски акции.
За жал, побарувачката за криумчарење вродува и со ангажирање странски државјани, што претходно беа поретки случаеви.” изјави Јасмин Реџепи од Легис.

Во текот на 11-те месеци од годинава имало 13.500 обиди за преминување на нашата граница, а според Министерството за внатрешни работи во однос на истиот период лани имало 48% намалување на обидите за илегален влез во државата.

Во ноември годинава 548 имигранти се обиделе да ја преминат граничната точка Винојуг. Додека во граничниот транзитен центар „Табановце“ и во ноември престојувале 99 имигранти. Повеќето биле од Сирија, Непал, Конго, Авганистан, Пакистан, Сиера Леоне и Палестина.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тони Ангеловски, вели дека значителното намалување на обидите за илегален влез во нашата земја е резултат на работата на полицијата и присуството на Фронтекс кој помага во безбедноста на границите.

Од Организацијата „Легис“ за зголемениот број откриени случаи на криумчарење имигранти, велат дека влијание имаат и се построгите мерки за гранична контрола што ги најавува ЕУ.

Само во текот на месец ноември годинава откриени се вкупно девет случаи на криумчарење на 89 имигранти, а мерки се изречени на 12 лица, од кои тројца се странски државјани против кои ќе бидат поднесени кривични пријави за „криумчарење имигранти“,„соработка“ и „помагање во криумчарење имигранти“.

Извор: alsat.mk – Авни Тахири

Share

Signup for Alerts

Aliq is notm hendr erit a augue insu image pellen tes.