Легис е водечка ораганизација на регионалниот проект/соработка “КОВИД-19 Предизвици во рамките на одговор на кризата кај бегалци и мигранти во Западен Балкан” поддржан од The Balkan Trust for Democracy, проект на German Marshall Fund of the United States (BTD). Проектот беше имплементиран во Северна Македонија (Legis), Србија (Asylum Protection Center) и Босна и Херцеговина (International Forum of Solidarity – EMMAUS).
Задоволство ни е да Ве поканиме да учествувате во дискусија на завршниот настан: Регионална конференција – “КОВИД-19 Предизвици во рамките на одговор на кризата кај бегалци и мигранти во Западен Балкан”, која ќе се оддржи во четврток, 23.06.2022, Хотел DoubleTree by Hilton, Скопје.
На Конференцијата, регионалниот истражувачки тим од експерти ќе го презентира наодот од компаративната анализа заснована на 3 извештаи кои претходно се објавени во рамките на проектните активности. Истражувачкиот тим, исто така, ќе презентира слични проблеми и позитивно искуство во обезбедувањето пристап до здравствените права за бегалците и мигрантите на Западно Балканската рута.
Погледнете ја приложената агенда за Конференцијата подолу и заради ограничениот број на места во публика, испратете барање за присуство на: ngolegis@gmail.com, или проследете ја конференцијата во живо на веб-пренос на денот на настанот на социјалните мрежи: @Legis.