Нашиот широк спектар на активности опфаќа и поголем број места и локации низ државата со тоа што таму каде што и работиме, институционално се официјализира соработката. Потпишан е меморандум помеѓу НВО Легис и Општина Демир Капија! На овој состанок меморандумот го потпишаа Јасмин Реџепи од НВО Легис и Лазар Петров од општина Демир Капија. На состанокот и на потпишувањето на меморандумот беше присутен и советникот Ефкан Усинов, член на советот на општина Демир Капија.
На состанокот се зборуваше за досегашните хуманитарни активности на Легис на територија на општина Демир Капија, како и за идните планови за проширување на активностите и во областа на образованието на младите и учениците од основните училишта.