Денеска (21.12.2022) од страна на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, при Сектор за криминалистички истраги, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, СВР Скопје, под раководство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, беше спроведена координирана полициска операција за сузбивање на организирана криминална група инволвирана во вршење на кривични дела криумчарење мигранти.
Криминалистичката истрага над организираната 13-члена криминална група, која делувала на тeриторија на Република Северна Македонија, се спроведуваше од мај 2022 година до октомври 2022 година. Извршени се претреси кај 11 лица, во вкупно 11 објекти лоцирани на подрачје на Скопје, а лишени од слобода се девет лица (од кои еден е вработен како полициски службеник), по две лица се трага, додека две лица-членови на криминалната група веќе издржуваат мерка затвор во КПУ Скопје и КПУ Идризово, за претходно сторени кривични дела „криумчарење мигранти “. При извршените претреси пронајдени и одземени се: мобилни телефонски апарати, СИМ картички, патнички моторни возила, пари, оружје (пиштол, пушка), уплатници од извршени уплати преку брз трансфер на пари итн.
За повеќе прочитајте на: https://centar.mk/blog/2022/12/21/mvr-so-detali-za-golemata-aktsija-sprovedena-utrovo-pretresi-na-11-lokatsii-niz-skopje-uapseni-9-litsa-po-dve-se-traga/?fbclid=IwAR2VhJpLcC_72i7GkTFUWWEfmtNkSw0Aq2Hp1W2KIePg3V9339PNHVki5is