Давањето не те прави помалку богат, напротив, милостината го зголемува богатството!
Летните месеци се познати како месеци на сезоната на венчавки, каде што трошоците, во најголем број случаи, се многубројни и често се случува поради гости кои што не доаѓале или слични причини да платите повеќе од потребното.
Граѓанин од Чаир, од својата свадба решил да го донира вишокот храна од неговата свадба, со тоа не сакал да ја фрли храната, туку ја дал на другите на кои им била потребна повеќе од било кој друг.
Тој решил преку нашата организација Легис да ги донира порциите на сиромашните. Така направивме, во саботата сите порции беа поделени.
Му благодариме за овој примерен гест и посакуваме ова да остане како пример за многу други затоа што тоа што давањето не те прави помалку богат, напротив, милостината го зголемува богатството!