Хуманитарната акција “Поддршка од првиот момент” се организираше во петок

На 03.06.2022 година, петок, неформалната мрежа „ПРВА“  спроведе хуманитарната акција во соработка со Студентскиот сојуз како организација која е членка-основач на оваа мрежа заедно со Легис. Под слоганот „Поддршка oд ПРВИОТ момент“, Студентскиот Сојуз како иницијатор на оваа хуманитарна акција спроведе неколку активности за собирање на финансиски средства и отворање на првиот независен „Студентски фонд“.

Настанот опфати продажба на слики од двете студенти по архитектура Семра Рашити и Мелиса Салихи, како и разни ракотворби, сребро и додатоци.

Придонес кон оваа активност дадоа и универзитетските професори проф. Али Пајазити, проф. Ајтене Ќамили, проф. Бујамин Бела, проф. Аргетим Салиу, заедно со Мерсиха Смаиловиќ председателка на Легис, Нермине Хамиди председателка на Студентскиот Сојуз истовремено и кординатор во Легис и Јасмина Голубовска, координатор на проект.

Другите слики ќе можете да ги купите онлајн и ќе можете да ги најдете на Фејсбук страницата на Легис, инстаграм, како и на Фејсбук страницата и Инстаграм на Студентскиот сојуз.

Сите овие донации на крајот ќе одат за целта на оваа активност.

Оваа хуманитарна акција беше посветена на матурантите кои ќе треба да се запишат во првата академска година на факултет, но финансиските услови не го дозволуваат истото. Дополнително, во РСМ финансиската поддршка за студентите од прва година е многу мала или воопшто ја нема.

Покрај плаќањето на годината на факултетот, и други трошоци за книги, уписи, материјали и дневни потреби, претставуваат трошоци кои студентот не може самостојно да ги покрие.

Затоа, се надеваме дека оваа активност од хуманитарен карактер ќе помогне барем на еден студент кој сака да се запише во учебната 2022/2023 година.

За оваа активност се погрижија работниот тим на Легис и Студентскиот сојуз, волонтерите на Легис и студентите од Факултетот за архитектура.

 

 

Share

Popular Posts
Social Share

Signup for Alerts

Aliq is notm hendr erit a augue insu image pellen tes.