Денеска во просториите на НВО ЛЕГИС го пречекавме претставникот од АМБАСАДА НА УКРАИНА, почесниот г. Роман Буга и претставникот на Здружение на Украинците во РСМ “ЛЕСЈА УКРАИНКА„ г. Олександр Урбанович.
Амбасада на Украина во Република Северна Македонија му доделува БЛАГОДАРНИЦА на Јасмин Реџепи за помошта и активната поддршка на Украина и украинскиот народ во услови на воена инвазија од страна на Руската Федерација, како и за континуираното пружање на хуманитарна помош.
Здружение на Украинците во Република Северна Македонија “Лесја Украинка„ му доделува БЛАГОДАРНИЦА на Јасмин Реџепи за помошта и активната поддршка на Украина и украинскиот народ во услови на воена инвазија од страна на Руската Федерација, како и за континуираното пружање на хуманитарна помош.
Овие благодарници му се доделуваа на Јасмин Реџепи во име на спроведените хуманитарни активности на Легис.
Како НВО ЛЕГИС секогаш ќе бидеме блиску до оние на кои тоа им е најпотребно, солидарноста и соработката се главните елементи на нашето работење како организација со сите наши капацитети!
Со овие признанија уште еднаш се докажува непристрастноста на Легис во своето делување и помагање на сите луѓе без разлика на нивната расна, етничка и верска припадност.