Веќе 8 години по ред, нашата трудољубива колешка Јасмина Костадинова секојдневно дочекува бегалци и мигранти од различни земји, грижејќи се за нивните потреби во транзитниот центар Винојуг во Гевгелија.
Ги облекува, ги храни, работи со нив и за нив, а бројните ракотворби и цртежи тоа го сведочат.
Нејзиниот труд го гледаме сите, од бројните вработени, волонтери, странски и локални организации, па сè до бројни домашни и странски делегации.
Успехот на Легис на терен е резултат на вашата поддршка!
Породлжете и понатаму со вашите донации на 270-0650443401-60 Халк Банка