Мигрант бил застрелан од ловџии на границата меѓу Бугарија и Србија. Инцидентот се случил во месноста „Славчето, каде секоја година се организираат средбите на бугарско-српското пријателство, јави БНР.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, се уште нема официјално соопштение за случајот.
Секојдневно долж бугарско-српската граница во реонот на општина Треклианско се забележуваат мигранти, кои често се приведени од бугарските власти на пат кон Србија. Инцидентот го предизвикал ловџија кој случајно застрелал мигрант. Мигрантот се криел во шумата и случајно бил застрелан во ногата. Нема опасност по неговиот живот.
Прочитајте ја веста на овој линк: https://a1on.mk/region1/vo-blizina-na-bugarsko-srpskata-granica-e-zastrelan-migrant/?fbclid=IwAR17io4AfptJLzW3MUnvSNaV2GBjXAaCV8TpH1oAGf2k0DCndoHREpjY7wI