Креативни активности со деца во Т.Ц Винојуг

Во транзитниот центар Винојуг во Гевгелија секојдневно престојуваат семејства со деца. Сите тие поминале низ незамисливи тешкотии додека да стигнат во земјава. Нашата колешка Јасмина секојдневно е со  нив, се грижи да бидат искапени, облечени во чиста облека, да имаат занимација во креативната работилница на детското катче, да спортуваат, а сè со цел повторно да се почувствуваат како дечиња и за момент да заборават на сите маки низ кои поминуваат низ бегалската рута.

 

Share

Signup for Alerts

Aliq is notm hendr erit a augue insu image pellen tes.