Со поддршка на Balkan Civil Society Development Network Skopje, (BCSDN Skopje), во период од два месеци, септември и октомври, Легис обезбеди хуманитарна и правна помош за бегалците од Украина кои престојуваат во земјата и дополнително помага во интегративните процеси. Легис соработуваше со локалната невладина организација Лесја Украина за да допре до луѓето на кои им е потребна помош.
Поделени се вкупно 40 прехрамбени и 40 хигиенски пакети на 12 семејства и 2 лица или вкупно 68 лица. Семејствата се разликуваа по број на поединци и возраст.
Повеќето од семејствата и поединците живеат во Скопје, но стигнавме до семејства и во други градови: Тетово, Берово и Валандово. Сите пакети беа дистрибуирани директно со транспорт од тимот на Легис до адресите на примачите со внимание на секоја индивидуална и семејна потреба.