Легис потпиша меморандум за соработка со Општина Шуто Оризари!

Денеска, Легис потпиша меморандум за соработка со Општина Шуто Оризари!

На средбата што ја остваривме со градоначалникот на општина Шуто Оризари, г-дин Курто Дудуш, разговаравме за проектите и активностите на организацијата кои главно се насочени кон хуманитарна помош и подигање на свеста за давање на потребната помош.

ЛЕГИС е непрофитна хуманитарна организација на граѓанското општество која ја обезбедува потребната хуманитарна и правна помош на бегалци, баратели на азил, ВРЛ, нерегуларни и притворени мигранти и луѓе на кои им е потребна. Легис, исто така, учествуваше и водеше многу кампањи, проекти за собирање финансиски средства и волонтерски активности за човечката заедница и на локално и на глобално ниво.

Со потпишувањето на овој меморандум, Легис и општина Шуто Оризари во законските рамки ќе обезбеди поддршка за реализација на заеднички хуманитарни активности и други проекти од областа на младите, образованието и културата на територијата на општината.

Share

Signup for Alerts

Aliq is notm hendr erit a augue insu image pellen tes.