Петмина Сиријци пријавиле во кумановската полиција дека биле ограбени во околината на селото Четирце, соопшти денеска полицијата.
Случајот вчера во 21:45 часот го пријавил 21-годишниот М.З.А.Г (21) од Сирија.
Пријавено е дека околу 18 часот во кумановското село Четирце заедно со уште четири лица, исто така од Сирија, биле физички нападнати од некои лица кои им одзеле пари и други работи“, соопштија од полицијата.
СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.