Основачки состанок на Балканско-Украинската мрежа за соработка

Мерсиха Смаиловиќ, претседателка на Легис, учествуваше на основачкиот состанок на Балканско-Украинската мрежа за соработка.

Здружението ПРОИ во соработка со организациите Нова геополитичка истражувачка мрежа и Аналитички центар за балкански студии, во Сараево на 4 и 5 октомври 2022 го организираше состанокот и основачкиот форум на Балканско-Украинската мрежа за соработка.

 

Регионалниот дијалог на граѓанско општество собра 30 преставници од невладиниот сектор од земјите на Западен Балкан и Украина на кој е формирана Балканско-Украинската мрежа за соработка за да се започне конкретна соработка помеѓу преставниците на граѓанските организации на земјите на Западниот Балкан и украинските активисти и организации, и имплементација на заеднички активности за решавање на хуманитарните прашања, заштита на демократијата, изградба на мир и јакнење на евроатлантските процеси.

 

Мерсиха Смаиловиќ се обрати со презентација за состојбата на украинските бегалци во Република Северна Македонија и за досегашните правни и хуманитарни активности на Легис за подобрување и олеснување на престојот на украинските бегалци во земјава.

Во улога на набљудувачи, на заседанието присуствуваа преставници на Швајцарската амбасада, Европската делегација во Бих, Амбасадата на САД во БиХ, Украинската амбасада во БиХ, Центарот за промоција на цивилното општество и преставници на Националниот демократски институт – НДИ, како и бројни организации кои присуствуваа онлајн.

 

На заседанието присуствуваа преставници на следните организации: ПРОИ, Застапувачкиот одбор на младите (БиХ), Нова геополитичка истражувачка мрежа (Украина), Граѓанска иницијатива 21. Мај (Црна Гора), Легис (Северна Македонија), Центар за стратешка анализа (Србија), Horizon Civitas (Северна Македонија), CLEAR Global (Хрватска), EU Policy Hub (Албанија), Аналитички центар за балкански студии, Stop Fake, Аналитички центар ADASTRA, NUMO платформа за соработка Балкан-Украина, Регионално друштво на истражувачи на историјата и културата на Запорожје (Украина), како и независни аналитичари и новинари од споменатите земји.

 

Овој состанок е реализиран во рамките на проектот „Заштита на граѓанскиот простор – Регионален хаб за развој на граѓанското општество“ финансиран од @Sida – Styrelsen för Internationellt Utvecklingssamarbete, а реализиран од Balkan Civil Society Development Network.

 

Share

Signup for Alerts

Aliq is notm hendr erit a augue insu image pellen tes.