Почитувани пријатели на Легис,
Имајќи ја предвид моменталната тешка финансиска состојба во која е нашето општество, Легис отвара повик за финансиска поддршка наменета за најранливите категории од локалното население кои се во потреба од основни прехрамбени и хигиенски продукти, со цел полесно пребродување на економската криза која сите нас нè засега.
Цената за еден пакет со прехрамбени и хигиенски производи изнесува 2 000 ден.
Вашите донации може да ги приложите на жиро сметка: 200002991657502 Стопанска банка или во просториите на Легис на ул.Џон Кеннеди бб, 1000 Скопје.
Да покажеме солидарност за подостоинствен и подобар живот.
Ви благодариме за досегашната помош и поддршка која ни ја давате.