Маките на мигрантите не завршуваат, а ниту извештаите на МВР за инциденти со нелегални премини, нелегални превози, спречен нелегален транспорт на мигранти низ нашата земја. Последниот случај е со трагичен крај за мигрант кој вчера е пронајден мртов на Граничен премин Богородица.
Во полицискиот извештај стои следново:
– „На 09.06.2022 (четврток) во 01.45 часот било пријавено дека на Граничен премин Богородица, во меѓупросторот на коловозната лента било забележано лице – мигрант без знаци на живот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гевгелија“- соопштуваат од МВР.
Во извештајот не е наведена причината за смртта на мигрантот и како таа настапила, дали од здравствени проблеми, дали од изнемоштеност, дали по насилен пат. Сето тоа треба да го одговори обдукцијата.
Поради тоа, по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.