Застапување

Застапување

ЛЕГИС служи како Глас на безгласните, активно се залага за хуман и достоинствен третман кон бегалците и мигрантите и подобрување на состојбата во Македонија во однос на пристапот до правата и заштитата во прифатните и транзитните центри, притворањето и нередовниот транзит.

Нашата кампања за застапување за измена на Законот за азил и привремена заштита во 2015 година беше успешна, што резултираше со зајакната заштита и пристап до медицински услуги и хуманитарна помош за бегалците и мигрантите во транзит.

Во септември и октомври 2015 година, ЛЕГИС се залагаше за намалување на цената на билетите за воз што бегалците ги плаќаат за транзит низ земјата, која се зголеми од 1 евро на 25 евра по лице за бегалци и мигранти во септември.

По затворањето на Балканската рута во март 2016 година и најновите измени на Законот за азил и привремена заштита во април 2016 година со кои се воведе принципот „3-та безбедна земја“ кој го ограничува пристапот до процедурите за азил врз основа на земјата на влез. како и рестриктивната политика за обединување на семејството, ЛЕГИС, заедно со УНХЦР, МЗМП, Хелсиншкиот комитет и OpenGate-LaStrada, поднесоа нова иницијатива за измени на овој закон.

Share

Signup for Alerts

Aliq is notm hendr erit a augue insu image pellen tes.