Што сме направиле до сега?

Што сме направиле до сега?

ЛЕГИС организираше и беше дел од многу проекти кои во својот фокус ја имаа хуманитарната помош како и подигање на свеста стремејќи да ја даде потребната помош. Учествуваше и водеше многу кампањи, проекти за собирање средства и доброволни активности за човечката заедница и локално и глобално. Од почетокот на активностите на нашата организација во 2009 година, вреди да се споменат:

  1. Голема кампања со друга организација под слоганот „СОЛИДАРНОСТ СО ГАЗА“
  2. Патување во Газа – Флотила на слободата, бродот Мави Мармара.

III. 1 месец кампања за собирање средства за Сомалија и доставување помош во кампот Дадаб.

  1. Кампања и собирање пари за преживеаните од геноцидот врз муслиманите во Мјанмар.
  2. Сирија – бегалски камп во сирискиот град Бабул Хава, донација на три (3) возила за брза помош.
  3. Кампања и донација за поплавите во Босна и Херцеговина.

VII. Активна доброволна работа преку обезбедување хуманитарна помош за време на бегалската криза долж балканската рута во двата кампа во Македонија

Нашата сегашна активност се однесува на помагање на бегалците кои транзитираат низ Македонија преку обезбедување пакети со храна, хигиенски материјал, неопходна облека и средства за прва помош. Организацијата им помогна на илјадници бегалци и им подели најмалку 600.000 пакети со храна од зимата 2014 година до денес. Со оглед на фактот дека борбата со бегалскиот бран е светска работа, во Македонија бројот на транзит на нашата земја почна да расте од 2014 година. Нашите активности за помош започнаа откако бегалците минуваа пешки или со велосипед, поради непостоењето на нивно законско користење на јавниот превоз. За таа цел им помогнавме со обезбедување на неопходна храна и непрехранбени производи како и медицинска помош поради тешките повреди при пешачење. Дополнително, им помагавме да ги поправат велосипедите по потреба. Конечно, ние бевме иницијатори за промена на законот за бегалци во Македонија што резултираше со нивен достоинствен законски третман со обезбедување легален јавен превоз до Србија.

Share

Signup for Alerts

Aliq is notm hendr erit a augue insu image pellen tes.