Помош во Храна

Помош во Храна

Помошта во храна е една од најголемите програми на ЛЕГИС. Обезбедувањето пристап до храна и вода за бегалците и мигрантите, барателите на азил, недокументираните и приведените мигранти е наша цел од 2014 година.

Програмата LEGIS Food Aid е дизајнирана според контекстот и моменталната потреба. Вклучува топли оброци и пакети со сува храна кои се дистрибуираат преку нашите мобилни тимови, како и на дистрибутивните пунктови во Македонија.

Во 2015 година, ЛЕГИС подели 600.000 пакети со храна и оброци на бегалците кои транзитира низ Македонија.

ЛЕГИС обезбедува помош во храна во двата привремени (транзитни) центри за бегалци во Македонија, ТЦ Табановце и ТЦ Винојуг, Гевгелија. Во 2016 година, програмата за помош во храна во центрите беше конкретно преземена од Министерството за труд и социјална политика на Македонија и Црвениот крст на град Скопје, но по 2017 година ЛЕГИС продолжува со снабдување кога е потребно.

ЛЕГИС обезбедува дистрибуција на помош во храна за нерегуларните и недокументирани бегалци и мигранти во транзит, преку нашиот дистрибутивен пункт и канцеларија во општина Липково.

По потреба обезбедуваме пакети со храна или топли оброци и прехранбени производи за бегалците сместени во Центарот за баратели на азил „Визбегово“ во Скопје и во Центарот за странци „Гази Баба“ во Скопје.

ЛЕГИС е исто така локално активна организација. Благодарејќи на нашите домашни и странски донори, на месечно ниво обезбедуваме пакети со прехранбени производи за исклучително ранливо население, топли оброци и овошје и зеленчук.

Share

Signup for Alerts

Aliq is notm hendr erit a augue insu image pellen tes.