Кои сме ние?

Кои сме ние?

ЛЕГИС е хуманитарна непрофитна граѓанска организација која обезбедува неопходна хуманитарна и правна помош за бегалците, барателите на азил, ВРЛ, нерегуларните и притворените мигранти и луѓето на кои им е потребна. Ние постоиме за да го заштитиме животот, да ги ублажиме страдањата и угнетувањето, и да обезбедиме достоинство, почитување на човековите права и социјална правда.

Ние обезбедуваме помош врз основа на потребите на нашата целна популација, со почитување на човековите права, нашите принципи и принципите на хуманитарната работа.

Нашите активности во последните две години се насочени кон одговор на мешаните миграциски текови во Македонија, бидејќи ЛЕГИС е првата невладина организација која обезбедува организиран одговор од 2014 година.

Ние сме водени од вербата во хуманоста, правдата и длабоката посветеност. Ние веруваме дека со заеднички пристап можеме да ги ублажиме ризиците и да воспоставиме безбедна и сигурна средина каде што достоинствен живот напредува. Даваме примери и водиме кон подобар свет со толеранција и различност, со почит и бескрајна хуманост. Секоја преземена акција е според законот и законското однесување, како и верувањето дека може да се допре до секое лице на кое има потреба и да се исполнат неговите потреби. Ве уверуваме дека нашите активности се управуваат одговорно и одржливо во интерес на оние на кои им е потребна. Ние тежнееме да преземеме акција кога се прекршуваат човековите права и слободи и да ги исполнуваме политиките и практиките што им обезбедуваат правен третман со достоинство и почит.

Share

Signup for Alerts

Aliq is notm hendr erit a augue insu image pellen tes.