Украинците во Македонија: Добивме еден куп ветувања, се мачиме да добиеме лекарска помош!

Здружението на Украинци во Македонија не е воопшто задоволно од тоа како нашата земја се грижи за бегалците од Украина по почетокот на конфликтот на крајот на февруари.

Тамила Велковска, потпретседателка на Здружението на Украинците во Република Македонија „Лесја Украинка“, во разговор за „Фокус“ раскажа низ што минуваат овие луѓе и со какви проблеми се справуваат во нашата држава.

 

Па така украинските државјани коишто престојуваат во Македонија, остануваат овде како туристи, а после изминување на 90 дена од престојот, заминуваат во друга земја, се враќаат во Украина или поднесуваат барање за добивање привремен престој од хуманитарни причини. Привремениот престој овозможува право само да живеат во земјата една година со право на продолжување во случај на потреба. Во тој случај, украинските државјани немаат ниту право на вработување, ниту право на лекување, ниту право на децата да се школуваат.

 

Тие се соочуваат и со одредени ситуации кога е потребна лекарска помош, понекогаш и сериозна, која не се во состојба да ја платат приватно, а се обраќаат во Здружението на Украинци, поради недостиг на најнеопходни средства за живеење.

 

Што се однесува со вработувањето, повеќето граѓани биле одбиени од Агенција за вработување по нивните барања за дозвола со образложение дека има свој кадар за такви работни места.

Повеќе за веста: https://fokus.mk/ukraintsite-vo-makedonija-dobivme-eden-kup-vetuvana-se-machime-da-dobieme-lekarska-pomosh/?fbclid=IwAR3wCEX8bNvIYV8Ed7ZEoQjsyoB4Wf2ZqemFqgOa0KnDHKkWwr-uOEGSooI

Share

Popular Posts
Social Share

Signup for Alerts

Aliq is notm hendr erit a augue insu image pellen tes.