На 23.06.2022, четврток, во Хотел DoubleTree by Hilton, Скопје Легис и партнерските организации од Србија (Asylum Protection Center) и Босна и Херцеговина (International Forum of Solidarity – EMMAUS) оддржаа Регионална конференција на тема: “КОВИД-19 Предизвици во рамките на одговор на кризата кај бегалци и мигранти во Западен Балкан” на која што ја претставија Компаративната анализа под истото име.
Конференцијата ја отворија Мерсиха Смаиловиќ, Претседателка на Легис, Министерката Јованка Тренчевска – Министерство за труд и социјална политика и Магдалена Несторовска, Државен Секретар при Министерството за внатрешни работи.
На Конференцијата, регионалниот истражувачки тим од експерти го презентира наодот од компаративната анализа заснована на 3 извештаи кои претходно се објавени во рамките на проектните активности. Истражувачкиот тим, исто така, ги презентира слични проблеми и позитивно искуство во обезбедувањето пристап до здравствените права за бегалците и мигрантите на Западно Балканската рута.
Присутни и дел од дискусијата на конференцијата беа претставници на релевантни државни институции како што се: Центарот за управување со кризи, Одделот за гранична контрола при МВР, Центарот за прифат на баратели на азил и други оддели при Министерството за труд и социјална политика, меѓународни и домашни невладини организации кои работат со бегалци и луѓе во миграција и претставници на Амбасадата на Унгарија.
Легис изразува благодарност до медиумите и The Balkan Trust for Democracy, проект на German Marshall Fund of the United States (BTD) and USAID за поддршката на овој проект.