Животот го загуби бегалка од Сирија

На 01.07.2022 година во близина на селото Богородица, покрај македонско-грчката граница, било пронајдено безживотното тело на бегалка од Сирија. Според роднините, со кои ја поминала границата, по повеќечасовно пешачење и по влезот во нашата држава, и се слошило и не можела да продолжи со движењето, а кога веќе пристигнале екипите на Црвен Крст и итната помош, за жал веќе била констатирана смрт. По наредба на јавниот обвинител на основното јавно обвинителство во Гевгелија, телото е предадено на обдукција во Скопје, а по тоа, на барање на семејството, даден е налог за погреб во Македонија.

По консултации со јавниот обвинител, и со помош на граничната полиција од ПТЦ Винојуг и Црвениот Крст на град Скопје, на 03.07.2022 година Легис го организираше погребот на Тхана Алсалех во муслиманските гробишта во Штип, со сите верски обреди обезбедени од хуманиот одбор на штипската џамија Ана Кадун, а во присуство на нејзините роднини кои се сместени во привремениот транзитен центар за бегалци Винојуг, во Гевгелија.

Само во последниот месец, на терироријата на Република Северна Македонија животот го изгубија неколку бегалци од различни земји, додека неколкумина за жал останаа и неидентификувани. Ирегуларната миграција сама по себе е ризична појава, бидејќи претставува транзит на индивидуи или групи преку границите и територите на за нив непознати земји, скриени од очите на јавноста и од безбедносните структури, па како такви се подложни на секакви опасности: од криумчари, локални криминалци, криминалци меѓу нивните редови, временски неприлики, лични здравствени причини, сообраќајни несреќи итн.

Невладините организации, заедно со екипите на Црвениот Крст и на граничната полиција, посветено и координирано работат на пронаоѓање и спасување на многу бегалци кои поради ирегуларната миграција се доведуваат во различни опасности. За жал, и покрај секојдневните успешните спасувања, се случуваат и несреќни исходни поради задоцнетите повици за помош. А тие пак се случуваат поради страв од пријавување, имајќи предвид од какви земји и какви застрашувачки ситуации доаѓаат.

Share

Popular Posts
Social Share

Signup for Alerts

Aliq is notm hendr erit a augue insu image pellen tes.