„Нашето единство е нашата сила, различноста е нашата моќ“

Од 30. 09. до 02.10.2022 г. во хотел „Београд“- Струга, Легис ја оддржа овогодишната Школа за човекови права и активизам за млади од помалите етнички заедници во Република Северна Македонија за 2022 г.  под слоганот: „Нашето единство е нашата сила, различноста е нашата моќ“. Пристапот до неформално образование и предавања за човекови права кај младите и оваа година беше овозможено со поддршката добиена од страна на Агенцијата за остварување на правата на заедниците и придонес од страна на Легис.

 

На школа за човекови права и активизам за млади оваа година учествуваа млади од Скопје, Кочани, Кавадарци и Струга кои имаа можност да се запознаат со концептот на човекови права и права, интер и мултикултурализам, Права на заедниците во РСМ и во Европската Унија и млади и активизам. За предавањата се погрижија Јасмина Голубовска од Легис и Емина Рустемоска како надворешна соработничка.

Покрај предавањата, младите имаа можност да зборуваат за правото на чиста и здрава животна средина како еден од главните проблеми во државата кои ги засегаат граѓаните. Учесниците искажаа особен интерес за заштита на околината и животната средина, како и можност во наредните 2 месеци да работат заеднички околу покренување на одредено еколошко прашање кое го засега целото општество.

 

Легис секоја година се обидува да ги оддржува овие школи за млади и човекови права и овозможи пристап до неформално образование за младите од помалите етнички заедници кои немаат секогаш еднаков пристап до информации и можности да го надградуваат своето знаење или поддршка да се вклучат активно во застапување на своите права.

Share

Signup for Alerts

Aliq is notm hendr erit a augue insu image pellen tes.