На 06.11.2022 во 01.07 часот било пријавено дека околу 00.15 часот товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија–Скопје, во близина на с.Миравци, удрил во лице кое лежело на пругата.
Од страна на полициски службеници било излезено на местото и било утврдено дека станува збор за 30-годишно лице мигрант.
Лекар констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.
По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција