Договорот за Фронтекс ги мина собраниските комисии и оди на пленарна седница

Предлог- законот за ратификација на договорот за Фронтекс, склучен меѓу Македонија и Европската Унија (ЕУ), едногласно беше поддржан на собраниската Комисија за надворешна политика.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пред членовите на комисијата, појасни дека подготовките за овој закон биле започнати уште во декември 2015 година, но поради противењето на Бугарија во однос на формулацијата за јазикот беше одложено неговото официјално потпишување. Договорот, конечно, беше потпишан на 26 октомври 2022 година во Скопје.

Прашан од претседателот на Комисијата, Антонио Милошоски за тоа дали постојните билатерални ангажмани на полициски службеници и безбедносни сили од ЕУ-членки кои се ангажирани на јужната граница ќе бидат заменети со тимови на Фронтекс, Спасовски рече дека Договорот склучен со Фронтекс не ги исклучува овие билатерални договори, туку, вели, започнале и процес на склучување анекси на постојните договори со цел да се доуредат одредени прашања.

Министерот за внатрешни работи додаде и дека до крајот на 2023 година се обезбедени финансиски средства и полициски службеници кои ќе учествуваат во овие билатерални акции.

Договорот со Фронтекс ќе овозможи подобра заштита на границите, брзо распоредување персонал и опрема на Фронтекс или на странски полициски службеници на критични точки на границите при ненадејно брзо влошување на состојбите, а се овозможува и сигурна размена на информации и податоци, односно оперативни сознанија, разузнавачки податоци, продукти од видео и воздушен надзор и сателитски снимки и слично за спречување на прекуграничен криминал и илегална миграција.

Предлог-законот за ратификација на Договорот со европската Агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс), покрај на матичната Комисија за надворешна политика, беше одобрен и од Законодавно-правната комисија. Законскиот предлог за ратификација на Договорот за Фронтекс е ставен на дневен ред на денешната пленарна собраниска седница.

Законскиот предлог за ратификација на Договорот за Фронтекс е ставен на дневен ред на пленарната собраниска седница, но не е изгласан поради немање кворум.
Извор: telma.mk

Share

Signup for Alerts

Aliq is notm hendr erit a augue insu image pellen tes.