Поздрав од IHH

Поздрав!
Се наоѓаме во главните канцеларии на хуманитарната организација ИХХ, во Истанбул, Турција.

Штотуку се вративме од погодените подрачја
од земјотресот: подрачјето на Хатај и околните села,
подрачјето на Кахраманмараш и Газиантеп.

Заедно со Легис бевме на терен, каде што имавме можност да ги поделиме донациите кои дојдоа
од Северна Македонија и од донаторите од Северна Македонија.

Исто така имавме можност на одредени точки да поделиме топол оброк за лицата погодени од оваа голема несреќа.

Имавме можност да ги посетиме и камповите и местата погодени од земјотресот, каде што ги
видовме итните потреби кои ги имаат овие луѓе.

Им благодарам на сите донатори од Северна Македонија, му благодарам на персоналот на Легис
кои работеа ден и ноќ, без престан, само и само за да бидат од помош на овие луѓе.

Ние ќе продолжиме со соработката со Легис, за да им излеземе во пресрет на сите проблеми кои
овие луѓе ги имаат и ќе ги имаат во иднина.

Ова беше многу моќен земјотрес и една многу голема несреќа која и се случи на Турција во
изминатиот век, но и во светски рамки.

Уште еднаш им се заблагодарувам на донаторите, им се заблагодарувам на соработниците, им се
заблагодарувам на сите луѓе таму кои им излегоа во пресрет на луѓето тука, на нас тука, како на
морален, така и на материјален начин.

Ви благодарам на сите!

Share

Signup for Alerts

Aliq is notm hendr erit a augue insu image pellen tes.