Легис ја одржа Школата за човекови права и младински активизам за студенти, припадници/чки на немнозинските заедници во Северна Македонија под слоганот „Наши Права, наш Глас“.
Дваесеттина млади, припадници на помалите етнички заедници од Северна Македонија имаа можност да учат за своите права, за нивната примена и понатаму, да комуницираат, да волонтираат или да прават свои акции станувајќи членови на младинската група на Легис – Legis Youth Voices.
Овогодинешната Школа за човекови права се оддржа во Хотел Скардус“ – Попова Шапка, од 28.04-30.04.2023 г.
Целта на оваа Школа беше да: „Овозможи пристап на млади од помалите немнозински заедници до неформално образование со кое ќе го збогатат своето знаење за човекови права, Охридскиот рамковен договор и меѓународната легислатива.“
Овогодинешната Школа за човекови права на Легис, финансиски е поддржана од страна на Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците.