Криумчар удрил во столб со 16 мигранти, тројца се повредени

Тројца мигранти од вкуно 16 се повредени откако С.М. (23) од Босна и Херцеговина, со привремен престој во Скопје, бегајќи од полициска патрола најпрвин удрил во рампа на наплатната станица Смоквица, а откако продолжил со движење удрил во столб во селото Негорци.

Како што информираа од СВР Струмица, вчера во 19.45 часот на автопатот Скопје-Гевгелија тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и со патничко возило ауди со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, превезувајќи 16 мигранти.

Повредените мигранти биле пренесени во болницата во Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на полицијата.

С.М. бил задржан во Полициската станица Гевгелија, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција-Скопје.

Source: MKD

Share

Signup for Alerts

Aliq is notm hendr erit a augue insu image pellen tes.