„Пристапот до здравствени права на бегалци и мигранти во Северна Македонија 2020-2021 г.“

Легис во рамките на регионалниот проект „Предизвиците од пандемијата вирусот Ковид-19 во рамките на одговорот на кризата кај мигрантите и бегалците во Западен Балкан“ поддржан од Balkan Trust for Democracy, во текот на вчерашниот ден оддржжа настан на кој беа презентирани резултите од анализата за „Пристапот до здравствени права на бегалци и мигранти во Северна Македонија 2020-2021 г.“ и Јавна дискусија на истата тема.

Анализата ја изработи истражувачкиот тим на Легис: Весна Попоска, Мерсиха Смаиловиќ, Јасмина Голубовска, Софија Зумрова.

Настанот се одржа сала – Милениум, хотел Холидеј Ин, Скопје, а во дискусијата учество земаа претставници на: Владата на РСМ, Министерството за труд и социјална работа, Министерство за здравство, Центарот за управување со кризи, канцеларијата на Народниот Правобранител, како и локални и меѓународни организации: Интернационална организација за миграција, Македонско здружение на млади правници, Црвен Крст и домашни експерти за миграции.

Видео од целата дискусија е достапно на следниот линк: https://youtu.be/14J3ZtoumuU

Дискусијата беше објективна и во интерес на подобрување на пристапот до здраавствени но, и други права на бегалци и мигранти во Република Северна Македонија. Присутните се согласија за системските недостатоци но, и позитивни практики кои треба повторно да се вратат во функција, со што ќе се обезбеди транспаретна работа на институциите и соработка со невладиниот сектор во областа на миграции, азил и привремена заштита.

Овој настан е последен од низата локални настани во регионалниот проект кој го предводи Легис во соработка со Azil u Srbiji Asylum in Serbia – Centar za zaštitu i pomoć tražiocima azila од Србија (Asylum Protection Center) и, Меѓународниот форум на солидарност – MFS-EMMAUS (International Forum of Solidarity – EMMAUS) од Босна и Херцеговина.

Share

Signup for Alerts

Aliq is notm hendr erit a augue insu image pellen tes.