Подигнување на свеста

Подигнување на свеста

ЛЕГИС ја подига свеста за состојбите во Македонија и во светот за условите и околностите во кои бегалците се блокирани или транзитираат на овој дел од Балканската рута.

Користејќи ги социјалните и традиционалните медиуми, како и нашата веб-страница, ЛЕГИС дава алтернатива на предрасудите и ксенофобијата кои се широко присутни кон бегалците во транзит или во земјите од каде што тие се. Споделувајќи ги нивните приказни и нивната борба за безбедност, како и нашите сопствени искуства, ЛЕГИС ѝ овозможува на пошироката јавност да добие појасна слика за профилот на луѓето што транзитирале низ земјата, причините што ги натерале да тргнат по овој пат и што тие се стремат кон, и пречките со кои се соочуваат додека бараат меѓународна заштита.

Заедно со други невладини организации и граѓани, во 2015 година беше создадена Фејсбук група „Помош за на бегалците во Македонија“, која се користи за подигање на свеста, споделување информации и координација помеѓу волонтерите кои се активни на терен и јавноста.

Нашите активности за подигање на свеста вклучуваат:

  • Уметнички изложби
  • Јавни дебати

Информативни статии

Присуство во медиумите

Share

Popular Posts
Social Share

Signup for Alerts

Aliq is notm hendr erit a augue insu image pellen tes.