Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Почитувани посетители и луѓе со добра волја,

Слободно можете да прашате што ве интересира, но пред да го направите тоа, ве молиме проверете ги следните прашања и одговори, можеби веќе дадовме одговор за тоа што го прашувате.

  1. Како да се вклучите?

Легис дневно дели околу 100-200 леба и месечно над 100 пакети храна за локалното население во социјален ризик. Потребни ни се волонтери кои ќе помогнат во подготовката на пакетите и дистрибуција на истите и на лебот во седиштето на Легис што се наоѓа во Скопје на улица Џон Кенеди, 1000 Скопје.

  1. Како да донирате?

Можете да донирате на нашата банкарска сметка. За македонските граѓани:

210065044340153

НЛБ Тутунска банка

Здружение на граѓани Легис Скопје

За странци:

Име на фирмата: Здружение на граѓани ЛЕГИС Скопје

Адреса УЛ.ЦВЕТАН ДИМОВ БР.4/1-5 СКОПЈЕ – ЧАИР

IBAN код MK07210722000027421

Детали за банката Банка: Име НЛБ ТУТУНСКА БАНКА А.Д.СКОПЈЕ

Даночен број: 4082009501690

Идентификациски бр: 6504434

Адреса на банка: Мајка Тереза ​​1

Земја Македонија

SWIFT TUTNMK22

  1. Може ли да донирам предмети?

Можеш, но ако си странски државјанин ќе треба прво да ни ја кажеш намерата за да те упатиме за постапката. За македонските граѓани не е потребна процедура. Предметите што ни се потребни се сезонска облека и обувки за возрасни и деца. За време на студеното време особено ни се потребни капути за дожд, јакни, ќебиња, капи и шалови. Старата облека треба да биде чиста, сочувана и сортирана. Сите артикли може да се достават до нашата локација.

  1. Може ли да дистрибурам помош директно до бегалците?

Камповите во кои се регистрираат бегалците и се дели помош се од затворен тип, а влезот е дозволен само на организациите кои имаат лиценца од Центарот за управување со кризи. Легис е една од нив, така што за дистрибуирање со нашите волонтери ќе Ви треба договор за волонтерство и лична карта. Доколку сте странски државјанин, постои процедура. Ќе треба да ја контактирате македонската амбасада во Вашата земја и ќе треба да аплицирате за волонтерска виза во Македонија. Таму ќе Ви кажат каков документ треба да доставите. Овде ќе треба да аплицирате за лична карта за странци.

Share

Signup for Alerts

Aliq is notm hendr erit a augue insu image pellen tes.