Интернет безбедност за училишни деца

✔️На 29 и 30 мај, во нашето училиште се одржуваше обука за онлајн безбедност, наменета за нашите ученици.
✔️На обуката учествуваа сите ученички и ученици од петто до осмо одделение.
✔️Секое одделение посебно имаше можност да се запознае со поимите: интернет, медиуми, социјални мрежи, фејк њуз (лажни вести), дезинформации и сајбер булинг.
✔️Учениците имаа и можност да научат за опасностите, заштитата и исправното користење на социјалните мрежи за комуникација и онлајн дружење.
✔️Обуката беше интерактивна, проследена со прекрасна презентација, илустративни и анимирани видео примери, вежби и прашања и одговори. Темата беше мошне атрактивна за учениците, при што беа многу заинтересирани и зедоа активно учество во активностите.
✔️Обуката беше реализирана од страна на невладината организација Легис, а поддржана од нивните донатори Global Fund for Children од САД.
✔️Инаку, ова е втора фаза од проектот за интернет безбедност, а во првата фаза со обука беше опфатен наставничкиот кадар на училиштето, додека пак во третата фаза ќе бидат опфатени заинтересираните родители.

Share

Signup for Alerts

Aliq is notm hendr erit a augue insu image pellen tes.