Генералниот секретар на Легис, Јасмин Реџепи, присуствуваше на регионалната конференција „Западен Балкан на рутата на нерегуларна миграција и криумчарење мигранти“ на 7 април во Белград, Србија. Конференцијата беше организирана од Балканскиот совет за бегалци и миграција, а поддржана од амбасадите на Норвешка, Холандија и Данскиот совет за бегалци. Имаше 3 сесии со интересни и различни теми како: Актуелна состојба и предизвици поврзани со приливот на бегалци од Украина; Зајакнување на системот за борба против криумчарење мигранти во Западен Балкан; Заштита на правата на мигрантите и спречување на нерегуларна миграција во регионот на Западен Балкан. На конференцијата присуствуваа претставници на невладините организации од регионот, но и претставници на државните институции од истиот регион, вклучувајќи ги Србија, Северна Македонија, Албанија, Црна Гора, Босна и Косово. На вториот ден се одржа состанок на невладините организации од регионот на Западен Балкан, кои учествуваа во регионалниот проект на Балканскиот совет за бегалци и миграција. Имаа презентација на нивните активности и работилница за можна идна соработка.
