Во текот на вчерашниот ден, Легис и својот тим и волонтерите го посетија Пензионерскиот дом – Чаир каде заедно со граѓаните кои домуваат во оваа институција споделија вечера за Ифтар. Во соработка со Управителот Неваип Рамадани успеавме да обезбедиме топли оброци, пијалоци и овошје за сите и вечераме заедно во пријатна атмосфера.
Управителот Неваип Рамадани и Јасмина Голубовска од Легис оддржаа поздравни обраќања до присутните гости помеѓу кои беа и Претседателот на Партијата на пензионери Илија Николовски. Тие искажаа меѓусебна благодарност за вчерашната посета и, разговараа за понатамошни активности и соработка во иднина за поддршка на ранливи категории на граѓани кои домуваат во оваа институција.
Тимот на Легис е благодарен за овозможената посета, разговори со присутните и можноста да сподели искуства кои го прават животот побогат.
Во прилог фотографии и видео од вчерашната Ифтарска вечера во Пензионерскиот дом Чаир.