На помош на поплавените Митровица и Скендерај
.

Општина Чаир, заедно со Фондацијата „Албиз“, Аптеката „Херба“, Здружението на пожарникари доброволци „Бајрам Мифтари“ од Чаир, „Калири и Мересисе“, Фондацијата „НУН“, здруженијата „Ел Хилал“, „Мерxаmет“ и „Легис“ денеска испратија помош за поплавените региони на Косово, Митровица и Скендерај.
Помошта е во вредност од околу 1.000.000 денари и се состои од артикли, со кои се надеваме дека барем ќе помогнеме да се санираат штетите и да се надминат тешкотиите настанати по поплавите од пред неколку дена.