Од големо значење за Легис е јавната благодарност на Украинците во Северна Македонија за поддршката која ја даваме на бегалците од Украина.
На официјалната конференција за печат пред националните медиуми, Олександр Урбанович, Претседател на здружението на Украинци во Република Северна Македонија, јавно им се заблагодари на организациите кои им помагаат на украинските бегалци, Легис, Црвениот Крст и Св.Спас од Скопје.
Благодарност и до нашите великодушни донатори кои ни овозможуваат да им излеземе во пресрет на сите овие луѓе.
Легис и понатаму продолжува со своите активности да помогне каде што е најтешко и најитно, да се залага за мир, слобода и почитување на човековите права!